Според германското разузнавање, постојат две илегални кинески полициски станици таа земја, кои првенствено им овозможуваат на кинеските власти неовластено да работат во странство и да собираат информации.
Ова беше потврдено од германската влада како одговор на писменото барање на членот на Бундестагот, Јоана Котар, во кое ДПА денеска имала увид.
Се верува дека канцелариите се „организирани на лична и мобилна основа“. Според германската влада, „не се формирани постојани канцеларии“.
Нелегалните полициски станици се „водени од приватни лица од кинеската дијаспора“, кинески и германски државјани, соопшти федералната влада.
Вкупно пет регионални службеници, од кои еден со седиште во Берлин, им понудиле на кинески поединци и на Германци со кинеско потекло правни совети и поддршка во однос на сертификати и апликации.
Мотивот бил собирање информации и ширење пропаганда.
Помошта, главно овозможена преку онлајн разговори, наводно била обезбедена за илјадници луѓе.
Германската влада е во комуникација со кинеската амбасада за ова прашање.
Според Министерството за внатрешни работи, властите „енергично ги следат сите траги“.
Невладината организација Safeguard Defenders, која главно се занимава со кршење на човековите права во Кина, го привлече вниманието на властите откако објави извештај за нелегални кинески полициски станици надвор од нејзината територија, во Германија и Холандија.
Пекинг ги негира тврдењата за постоење вакви канцеларии
Следете не, не има насекаде