ноември 21, 2024

Западните сили со сите можни средства настојуваат да ја одржат доминацијата на светската сецена со што ја зголемуваат опасноста од избивање на судири, истакна денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Потенцијалот за избивање судири во светот расте како директна последица на настојувањето на западните елити со сите можни средства да ја одржат својата политичка, финансиска, воена и идеолошка доминација, рече Путин.

Рускиот претседател говореше во видео порака упатена до министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка и група поранешни советски земји.

– Тие (елитите) свесно предизвикуваат хаос и ја отежнуваат меѓународната ситуација, рече Путин во пораката која ја објави Кремљ.

Тој исто така го обвини Западот дека „ја експлоатира“ Украина и го користи украинскиот народ како топовско месо во судирите со Русија.

Путин постојано ја карактеризира војната во Украина, која Москва секогаш ја нарекува „специјална воена операција“, како судир меѓу Русија и Западот и ги критикува земјите кои воено и финансиски ја помагаат Украина.

Киев, европските земји и Вашингтон посочуваат дека Москва со циничната агресија на проевропската соседна земја се обидува да освои големи делови од Украина и да го симне од власт нејзиниот претседател Володимир Зеленски

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK