декември 28, 2024

Независните кинески рафинерии остваруваат екстра-заработки од преработката на евтина руска нафта, бладогадение не попустите што Москва им ги дава поради воведните санкции од Запад, проценуваат извори од индустријата и аналитичари.

Групата седум најразвиени земји (Г7) по 5 декември постави горна граница на цената на барел руска нафта на 60 долари. Тоа ја поттикна Русија да ги пренасочи своите испораки на сирова нафта од Запад кон Азија, со поголеми попусти.

Додека Индија ја купува руската сирова нафта од Урал по цена под 60 долари за барел, Кина сè уште купува сирова нафта над границата бидејќи на независните рафинери – главно лоцирани во источната провинција Шандонг – им одговараат кратки растојанија за испорака и горива со ниско ниво на сулфур, велат трговците. Кинеските независни рафинерии, познати како „чајници“ (teapost) , ја преработуваат нафтата што државните рафинерии не можат да ја прифатат.

Попустите на спот-пазарот за сурова нафта „ESPO“ се зголемија за најмалку една испорака предвидена за јануари, што минатата седмица беше продадена на независна рафинерија минатата со попуст од околу 6,50 долари за барел. Со други видови нафта се тргува со попуст од околу пет долари за барел.

Цената на сировата нафта „ESPO“ според слободните пазари изнесува околу 65 долари за барел, што е над границата на цената на Г7, проценуваат трговците

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK