мај 12, 2026

Генералниот директор на Реал Мадрид, прославениот Емилио Бутрагењо ги предупреди играчите на неговиот тим по ждрепката за групите на Лигата на шампионите, нарекувајќи го италијанскиот шампион Наполи како еден од најопасните европски тимови.

Во групата на Реал и Наполи се уште и дебитантите во натпреварувањето, бундеслигашот Унион Берлин, како и португалскиот клуб Спортинг Брага.

„Наполи се екстремно опасен противник и мораме да бидеме многу внимателни поради нивните играчи со неверојатен талент. Мораме да бидеме на највисоко ниво, како и секогаш во Лигата на шампионите, но дуелите со Наполи ќе бидат најтешите. Виктор Осимен и Квича Кварацхелија се на највисоко ниво, но засега се играчи на Наполи, а не на Реал“, вели Бутрагењо.

The post Бутрагењо ги предупреди играчите на Реал: Наполи е еден од најопасните тимови во Европа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK