ноември 22, 2024

„Во овој момент немаме направено дополнителни анализи за тоа во која насока треба да одат цените на патарините. Во регионот во некои држави цените на патарините растат, кај нас остануваат исти“, рече министерот за транспорт и врски – Благој Бочварски, на новинарско прашање дали ќе има поскапување на патарините.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Како што подвлече министерот, во овој момент е важно да продолжи изградбата и рехабилитацијата на патната инфраструктура со силна динамика за да го фатиме чекорот со развиените европски земји во делот на патната инфраструктура.

Тој рече дека се дава силен придонес преку реализацијата на патната и железничката инфраструктура и дека на тоа владата и министерството ќе продолжат да работат и натаму, но, предупреди, не смее да се доведе во прашање ликвидноста на Јавното претпријатие, но и на буџетските средства за да продолжат да се реализираат со силна динамика патните правци во државата.

Притоа, Бочварски потсети дека ценовните шокови направија проблеми во целиот систем на градењето и градежништвото, што најмногу се почувствува, истакна, во изградбата на патната инфраструктура, бидејќи во текот на оваа година осцилираат и се покачија енормно цените на градежните материјали, на железото, на асфалтите, на бетоните.

„И тоа направи проблем во реализацијата на капиталните проекти, но ние во ниту еден момент не запревме ниту еден проект поради овој проблем или растот на цените, бидејќи се одржува ликвидност на ЈП за државни патишта. Тука делуваат државата и Владата со буџетски средства и секако средствата од меѓународните финансиски институции коишто ги покренуваме и ги добиваме за да реализираме вакви капитални проекти. Сметам дека во овој момент инвестираме многу повеќе во делот на изградбата на патната инфраструктура отколку тоа што го добива ЈП за државни патишта“, рече Бочварски.

Набројувајќи ги тековните и идните инвестиции, министерот истакна дека во голем дел се реализираат токму со финансиите од наплатата на патната такса. Инвестицијата во автопатската делница на Коридорот 8 од Кичево до Охрид изнесува 600 милини евра, на експресниот пат Градско кон Прилеп над 50 милиони евра, на патниот правец на превојот Плетвар којшто е завршен е над 5 милиони евра, а 66 милиони евра на експресниот пат Штип-Радовиш којшто исто така заврши годинава. Ја посочи и инвестицијата во експресниот пат од Штип до Кочани којшто треба до биде пуштен до крајот на годината.

„Планот за наредната година е да отвориме градба, доколку се склучи договор со компанијата Бехтел, на преку 120 километри нови автопатишта. Тоа значи дека државата мора да ја следи динамиката на изградбата на патната инфраструктура за да можеме и во регионот да бидеме најдобри во патната инфраструктура бидејќи во нашиот дел се вкрстуваат двата значајни патни коридори, Коридорот 10 и Коридорот 8. Веќе добивме поддршка од ЕУ за Коридорот 8 кој пред само неколку недели беше внесен во мапата на главните коридори, а претходно беше само на мапата на споредните коридори“, додаде Бочварски.

Извор: МИА

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK