мај 12, 2026

Како дел од богатата културна понуда во рамките на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028, утревечер (2.9.2023 година, сабота), на добро познатата локација кај езерцето, во првиот дел од Градскиот парк, организираме филмска вечер на отворено со проекцијата на хитот „Панкот не е мртов“.

Филмот „Панкот не е мртов“ од режисерот Владимир Блажевски ќе почне во 20 часот.

Бесплатните кинопроекции на отворено ја збогатија културната понуда во топлите летни вечери и го привлекоа вниманието на многу граѓани што го посетуваат Градскиот парк и уживаат со проекциите на македонски филмови.


The post Кино на отворено со „Панкот не е мртов“ во Градски парк appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK