мај 12, 2026

Мостот “Беласица” од денеска е отворен за сообраќај за лесни возила, информираат од Град Скопје.

Санирана штетата и отворен за сообраќај мостот “Беласица”

– Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на бул.Беласица, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања кои ја нарушуваат безбедноста на мостот. Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија.

Од денес, мостот на булеварот „Беласица“ ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ. – информираат од Град Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK