мај 12, 2026

Македонска музика ечеше на источниот брег во Шпанија во градот Алкора, каде Амбасадата на Република Северна Македонија ја поддржа иницијативата на едно локално младинско друштво од градот составено од вљубеници во македонската музика.

Стотици млади луѓе се забавуваа на македонските хитови на Влатко Стефановски, Тоше Проески, Ареа, Фанк Шуи, Суперхикс,Леп и сол и го вееа македонското знаме.

Настанот посветен на македонската песна и култура се организираше во рамките на традиционалниот летен фестивал на градот, а македонската вечер заеднички ја отворија амбасадорот Едмонд Адеми и градоначалникот на Алкора Самуел Фаломир.

Алкора е град од десеттина илјади жители, сместен на само десетици километри од приморскиот град Валенсија.

The post (Видео) Песни од Тоше и Влатко Стефановски ечеа во Шпанија, стотици млади луѓе се забавуваа на македонската вечер во Алкора appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK