мај 12, 2026

Музичарот Ламбе Алабаковски во април наредната година заминува во Австралија. Тој ќе биде дел од музичката турнеја заедно со дуото ,,Некст Тајм”, кои пак ја најавија дружбата со нашите иселеници, по вторпат за кратко време, затоа што и во април годинава имаа австралиска турнеја заедно со Влатко Лозаноски.

Ламбе и во минатото, пред 15 години, кога беше актуелна тинејџерска музичка ѕвезда, имаше турнеја во Австралија, заедно со Елена Ристеска, Ноне Неделковска и Ѓоко Танески. Стануваше збор за еднонеделна турнеја со три концерти, и тоа во Мелбурн, Сиднеј и Перт.
Тие беа едни од ретките домашни изведувачи на забавна музика, кои тогаш гостуваа во Австралија, каде претежно се канат фолк музичари.

The post Му тргна со патриотските песни: Ламбе заминува во Австралија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK