мај 12, 2026

На 02.09.2023 во 21.30 часот во с.Горно Количани, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Р.А.(28) од с.Драчевица, скопско. Имено, претходно, во с.Батинци, скопско, полициски службеници забележало патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки натоварено со огревно дрво, кое го управувал Р.А. и кој не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници. Притоа, совозачот почнал да фрла дрва од возилото, по што еден полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух. 

Возилото било сопрено во с.Горно Количани, по што совозачот го напуштил местото, а возачот Р.А. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Возилото и дрвата биле одземени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријва.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK