мај 12, 2026

Легендарниот рок бенд „Ролинг Стоунс“ по 18 години ќе објави нов албум, прв по смртта на долгогодишниот член, тапанарот Чарли Вотс. Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд во среда ќе гостуваат во шоуто на познатиот американски водител Џими Фалон, каде официјално ќе го промовираат.

За албумот Hackney Diamonds ќе споделат повеќе детали, а шоуто ќе биде и достапно и на „Јутјуб“.

„Името Hackney е по лондонската населба Хакни и е сржта на Hackney Diamonds, но ова е навистина момент што сакаме да го споделиме со обожавателите ширум светот преку ‘Јутјуб’“, се вели на официјалната веб страна на бендот.

Промотивната кампања за новиот албум вклучуваше проекција на познатото лого на бендот, испакнатиот јазик и усни, на фасадите на познатите згради ширум светот, вклучувајќи ги Лондон, Париз и Њујорк.

Ова ќе биде првиот албум со нов материјал по A Bigger Band кој беше објавен во 2005 година.

The post Ролинг Стоунс неделава објавуваат нов албум, прв по 18 години appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK