Амбасадорите на Европската унија денеска одобрија визна либерализација за Косово, потврди портпаролот на чешкото претседателство со Унијата.
На почетокот на следната година, Советот на ЕУ и Европскиот парламент треба да дадат зелено светло.
Визната либерализација предвидува дека имателите на пасоши издадени од косовските власти ќе можат да патуваат и да престојуваат до 90 дена во ЕУ без виза во кој било период од шест месеци.
Според ставот на Советот, ослободувањето од визите ќе се применува од датумот на влегување во функција на Европскиот систем за информации и овластувања за патување (ETIAS), а во секој случај, најдоцна до 1 јануари 2024 година, објавил ЕУ Советот претходно.
Визната либерализација за граѓаните на Косово е идентична со визната либерализација што ја користат граѓаните на Србија.
Медиумите во Србија негативно реагираа на веста за визна либерализација за Косово, а некои таквата одлука на ЕУ ја нарекоа дури и скандалозна.
Следете не, не има насекаде