мај 12, 2026

МВР информира дека денеска во 12.00 часот на автобуска постојка на бул. „Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода Ц.Б.(24) од Република Бугарија.

Бугарка крадела паричници на автобуски станици во Скопје

Таа била фатена при извршување кражба, при што од чанта на женско лице одзела паричник.

Кај неа, освен тој паричник, бил пронајден уште еден паричник со лични документи и пари на женско лице од Скопје.

Ц.Б. била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK