ноември 22, 2024

Раководството на Тотенхем ќе му понуди нов договор на Антонио Конте со зголемување на платата, објави „The Telegraph“. Според изворот, англискиот клуб е подготвен да ја покачи платата на италијанскиот стручњак за 1 милион фунти годишно, како и да ангажира двајца нови играчи во зимскиот преоден рок за да го засили тимот.

Забележано е дека Конте не брза со продолжување на договорот. Тој сака да се погрижи да биде поддржан не само во јануари, туку и во летниот преоден рок.

Дополнително, одлуката на италијанскиот стручњак ќе зависи и од желбите на неговото семејство кое се уште живее во Италија.

Конте го презема Тотенхем во 2021 година. Актуелниот договор на тренерот со клубот истекува во летото 2023 година.

Тотенхем е четврти во англиската Премиер лига со 29 бода од 15 натпревари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK