мај 12, 2026

Најосамениот лав на светот се врати во своето природно живеалиште откако бил напуштен во приватна Зоолошка градина пет години. Лавот Рубен (15) бил единственото животно кое останало во приватна зоолошка градина во Ерменија по нејзиното затворање.

Додека сите други лавови биле преместени, Рубен бил оставен во мала бетонска ќелија каде останал пет долги години. Сега, Рубен помина 5.200 милји од Ерменија до Јужна Африка. Епското патување беше организирано од Animals Defenders International (ADI) и Qatar Airways Cargo.

„Го видов како шета по тревата за прв пат, слушајќи ги гласовите на својот вид, со африканското сонце на грбот, нè расплака сите“, рече претседателот на ADI, Јан Кремер.

The post (Видео) Најосамениот лав на светот се врати во природното живеалиште откако со години бил напуштен во Зоолошката градина во Ерменија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK