мај 12, 2026

Утврдена цената по која ќе се продаваат пастрмајлиите на претстојната „Штипска пастрмалијада“. Угостителите и организацискиот тим од општината на координативен состанок, донесоа одлука, штипскиот кулинарски бренд да се подготвува по универзалниот стандард, 250 грама месо и 150 грама месо, а да се нуди на гостите по цена од 200 денари.

Како општина, како организатор, ќе понудиме 29 локации за поставување на штандови. Немаме ексклузивен спонзор, генерален покровител е грдоначлникот на општина Штип, изјави Александар Арсовски, член на организацискиот тим на ,,Штипска Пастрмајлијада”.

Денес, во 15.30 завршува крајниот рок за пријавување на учесниците во општинската Архива, односно, на угостителите кои ќе имаат свои штандови, а утре истите ќе им бидат доделени.

Угостителите ќе ги бираат своите штандови, односно, локации, по принципот „прв дојден, прв услужен“- додаде Арсовски

Манифестацијата „Штипска Пастрмалијада“ годинава ќе се одржи на 22-ри и 23-ти септември, на добро познатата локација, кај Градскиот стадион, а програмата за двете вечери веќе е објавена од страна на организаторот.

The post Штип одлучи: Пастрмајлијата ќе се продава по 200 денари appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK