мај 12, 2026

Адвокатот Јанаки Митровски реагира на денешната одлука на Собранието за гласање на измените на Кривичниот законик.

СДСМ предлага, ДУИ поддржува, ВМРО прави кворум, сите крмоси среќни – На здравје сите обични смртници што лежите за три паштети!

– СДСМ предлага, ДУИ поддржува, ВМРО прави кворум. Здружено сите кримоси од политичари среќни. На здравје сите обични смртници што лежите за три паштети! – напиша Митровски на Фејсбук.

Со донесените измени на Кривичниот законик се намалуваат казните за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, се брише ставот 5 од членот 353 кој ја санкционира злоупотребата на службената положба и овластувања при вршење јавни набавки или на штета на Буџетот и на јавните фондови за кој беше предвидена казна од најмалку 5 години затвор, максималната казна затвор за Злосторничко здружение се намалува од 10 на 3 години, а се укинува и проширената конфискација за нелегално стекнат имот. Со намалување на висината на казната на конкретните дела се намалува и должината на нивното застарување.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK