мај 12, 2026

Денеска ви претставуваме рецепт за њоки во бел сос кој со сигурност ќе го обожувате.

Потребни состојки:

1 чаша њоки2 лажици маслиново масло2 лажици сечкан лук½ чаша павлака за готвењемикс зачини, црн бибер и солкашкавал по желба

Начин на подготовка:
Во тенџере на оган ставете вода и оставете да зоврие, а потоа додајте сол и ставете ги њоките да се варат. Кога ќе испливаат на површината (по 2-3 минути) извадете ги и оставете ги на страна.
Во тава на оган ставете масло и оставете да се загрее, па додајте го лукот да се пржи. Потоа, додајте ги и сварените њоки и зачините, па пржете уште 2 минути. На крајот додајте ја павлаката за готвење и ренданиот кашкавал, па пржете уште 2 минути со мешање.
На крајот послужете со свежо исечкан власец.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK