мај 12, 2026

Ракометниот клуб од Мексико кој го носи името Вардар по македонскиот клуб, доаѓа во Скопје на обука кај најтрофејниот клуб. Ракометните успеси на Вардар се познати и во Европа, но и светот, па во Мексико веќе е формиран клуб со истото име. Вардар Мексико наскоро ќе се сретне со наш Вардар.

„Од 9 до 16 септември, ракометари и тренери од нашата академија ќе бидат во Скопје, каде ќе одржат тренинзи и подготвителни натпревари. Возбудени сме што ќе ја посетиме Македонија за првпат и ќе се сретнеме и ќе учиме за врвниот ракомет. Посебна благодарност за извршниот директор Борко Ристовски за поддршката која ни ја даде. Се гледаме во Македонија“, рекоа од „Вардар Мексико“.

 


The post Ракометен клуб од Мексико кој го носи името Вардар доаѓа во Скопје на обука appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK