мај 12, 2026

Обвинетиот Бобек Шуклев за примање поткуп е осуден на казна затвор од 4 години и 6 месеци, обвинетиот Славе Ристевски за две кривични дела примање поткуп доби казна затвор од четири години, Драган Денковски за три кривични дела давање поткуп судот му изрече алтернативна мерка условна осуда и му утврди единствена казна затвор од 2 години, која нема да се изврши ако не стори ново кривично дело во наредните пет години.
Судот на Шуклев и на Ристевски им изрече забрана за вршење професија од дејност или должност во образовниот процес во траење од пет години. Исто така, и за обвинетиот Драган Денковски, сметано од денот на правосилноста на пресудата. Времето поминато во затвор се засметува во времето на траењето на забраната.

The post Затвор за професорите Шуклев и Ристевски, барале пари и сексуални услуги за преодни оценки. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK