Американскиот Стејт департмент истакна дека Украина има право да ја брани својата територија и да одлучува за својата иднина.
Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс коментирајќи ја изјавата на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој препорачува линија на прекин на огнот меѓу Украина и Русија врз основа на границите пред 24 февруари, рече: „Господинот Кисинџер зборуваше како граѓанин“.
– Ние цврсто веруваме дека Украина, и само Украина, има право да одлучува за својата иднина, рече Прајс и додаде дека Вашингтон, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, смета дека војната на крајот ќе мора да заврши преку дијалог и дипломатија.
– Веруваме во потребата за мир кој е праведен и одржлив. За жал, не видовме никаков значаен возврат од Москва, додаде портпаролот на Стејт департментот.
Следете не, не има насекаде