мај 12, 2026

Српски туристи им се заблагодарија на гевгеличани, кои бесплатно им го сервисирале автомобилот, откако им се расипал на враќање од Грција. Туристите јавно им се заблагодарија на Македонците од Гевгелија кои им помогнале со автомобилот и тоа за без пари.

„Ви благодариме браќа Македонци. По враќањето од Грција, на бензинската пумпа, автомобилот на мојот кум во Гевгелија во 21 часот и 30 минути, престана да работи, поради екстремно лошо време. На помош дојдоа луѓе од бензинската пумпа, повикаа механичари, влегле во возилото околу 15 минути ѝ ја направиле целата дијагностика и го стартуваа автомобилот. На прашањето на кумот колку должи, само рекле добар пат пријатели. Секако, кумот не сакаше ни да слушне, па ги почасти. Ви благодариме уште еднаш браќа Македонци“, напишал пријател на возачот во групата „Грција инфо“.

 

The post „Фала браќа Македонци“, српски туристи им се заблагодарија на гевгеличани кои бесплатно им го сервисирале автомобилот откако им се расипал на враќање од Грција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK