октомври 30, 2024

Инфлацијата паѓа, но минималната кошничка e во постојан раст. Минималната кошничка во август изнесувала 49.345 денари.

Ако во јули годинава минималната кошничка изнесуваше 48.620 денари, минатиот месец таа е поскапена за 725 денари.
За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство во август годинава му биле потребни 49.345 денари, покажуваат податоците од минималната синдикална кошничка што секој месец ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Зголемувањето на минималната кошничка како што додаваат од ССМ, е најголемо во ставката храна и пијалаци, односно 1,9 отсто. Во државава, веќе има или е во најава поскапувањето на одредени производи.

Работната група за разгледување на предлози за прашањето за најниската пензија во Република Северна Македонија, и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите денес ја одржа првата конститутивна седница.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на членовите на работната група им посака плодна работа и носење на издржани предлог решенија кои ќе бидат презентирани во Владата, а понатаму дадени на усвојување од Собранието.

Многу е важно при носењето на предлог мерките и законското решение за пензиско осигурување или негови измени, да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем и пензиите да продолжат да се исплаќаат навремено и редовно, истакна Тренчевска.
Министерката посочи и дека во фокусот на работата на работната група ќе бидат пензионерите со ниски пензии, особено оние со минимална пензија. Притоа, потенцираше дека ќе се користат анализи и информации подготвени од страните вклучени во работната група, за кои ќе се дискутира, како и дека сите пристигнати предлози ќе бидат разгледани.

Од страна на претседателката на работната група беше посочено дека, работната група ќе работи интезивно, со средби до два пати во неделата, со цел што поскоро носење на предлог мерки и законски решенија.
Работната група се согласи дека прво ќе се работи на носење на соодветни социјални мерки за пензионерите со ниски пензии, а потоа ќе се пристапи кон ново законско решение за минимална пензија или измени на постоечкото.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK