октомври 30, 2024

За 19 кражби на луксузни автомобили на Халкидики, во вредност од над еден милион евра, се товарат членовите на криминалната организација, која ја разби грчката полиција, при што уапсени се тројца мажи и се трага по уште три лица вклучени во предметот, сите државјани на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека уапсените се странски државјани, меѓутоа според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за шестмина државјани на Северна Македонија, од кои тројца се уапсени и по тројца се трага, од кои двајца се веќе идентификувани.

Едниот од уапсените бил откриен во регионот на Халкидики од полицајци од станицата во Полигирос, додека возел украдено возило од странски државјанин, одземено по провала во туристички објект на Халкидики.

Во рамките на континуираната истрага на полицијата биле откриени и другите две уапсени лица, кои се обиделе да преземат украдено возило кое нивни соучесник во претходниот период го украл од регионот на Халкидики, а намерата била да го пренесат во странство.

Конкретното возило било скриено во реонот на Козани, одземено е и ќе му биде вратено на сопственикот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK