Кралицата Летиција носеше светло розев костум на наградите на УНИЦЕФ во Мадрид, покажувајќи беспрекорен стил.
Кралицата Летиција од Шпанија е неисцрпна модна инспирација за жените. И овој пат блесна во модната комбинација што ја избра за свечена пригода – наградите на УНИЦЕФ за Шпанија.
Избра костум во розова боја, а цигара – панталоните и сакото до средината на бутот одлично и прилегаа и ја истакнаа нејзината витка линија. Со бојата на самиот костум, кралицата избегна ладен деловен изглед, а нежната бела свилена блуза која ја носеше под сакото даваше дополнителен шмек на женственост и елеганција.
Беж шпиц чевлите одлично се вклопија во целокупниот стајлинг. Кралицата Летиција понесе и дискретни, ефективни обетки. Шминката беше во бакарни тонови.
Целта на наградите на УНИЦЕФ е да се признае посветеноста и напорите на поединци и институции кои даваат значаен придонес во менувањето на животот на најзагрозените деца и сакаат да ги унапредат детските права.
Следете не, не има насекаде