Комичарот Џери Сајнфелд застана на страната на својот колега и водител на Tonight Show Џими Фалон, кој беше обвинет од сегашните и поранешните вработени за мобинг. Рекоа Фалон е виновен за атмосферата на работното место која станала токсична.
Сајнфелд го бранеше и се сети на една ситуација на која бил и тој самиот сведок, а во која Фалон бил обвинет за понижување на еден од вработените. Ситуацијата ја нарече идиотски пресврт на настаните.
„Тоа е глупост. Добро се сеќавам на таа ситуација. Се сеќавам како го задевав Џими за грешката која ја направи еден од вработените и сите се смеевме затоа што знаевме колку ретко тоа му се случува. Тоа не беше непријатна ситуација. Џими и јас сè уште повремено се сеќаваме на тоа и се смееме“, рече Џери.
Тоа се случило откако Фалон наводно јавно прекорил еден од членвите во екипата кој му ги измешал картичките со белешки, додека Сајнфелд бил гостин во емисијата. Дури и некои од вработените тврдат дека Сајнфелд бил тој што го натерал Џими да се извини за реакцијата.
„Атмосферата стана непријатна и тогаш Џери рече нешто во стилот дека може треба да му се извини и се обиде целата ситуација да ја претвори во шега. Тоа беше еден од најчудните моменти во шоуто. Таму имаше многу луѓе, па тешко е да се заборави“, рекоа вработените.
Тие додадоа и дека атмосферата на сетот зависи од расположението на Фалон.
„Така е тоа. Ако е Џими е нерасположен, тогаш сите сме во неволја“, рече еден од вработените.
Фалон подоцна се извинил за обвинувањата на вработениот за атмосферата и однесувањето на работното место.
„Срамно е ѝ се чувствувам лошо. Жал ми е ако те засрамив тебе, семејството и пријателите. Се чувствувам толку лошо што не можам да опишам“, рече Фалон.
Светските медиуми пренесоа дека емисијата сега има нов уредник и нов сценарист и дека е подобрена работната средина.
За потсетување, американскиот водител неодамна бше фотографиран на аеродромот во Њујорк во добро расположение. Се враќаше од Лондон каде се дружеше со „Ролинг Стоунс“ на промоцијата на нивниот претстоен нов албум. Портпаролите на ТВ мрежата NBC имаа само пофални зборови за водителот.
The post Џери Сајнфелд го бранеше Џими Фалон откако вработените го обвинија за мобинг appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде