Музичарот Антоније Пушиќ, познат и како Рамбо Амадеус, е осуден за сексуално вознемирување на новинарката и продуцентка на емисијата „Дневница“ на Радио-телевизија на Црна Гора, Лејла Кашиќ.
Кашиќ го обцини дека непримерно ја допирал, а потоа ѝ викал, за време на снимањето на емисијата во која тој гостувал, во март годинава. Тој ја призна вината и е осуден за прекршување на Законот за јавен ред и мир, а неговото однесување се смета за особено дрско, бесрамно и навредливо, пренесе „Б92“.
Наскоро се очекува да биде објавена и казната.
„Јас не сум некој кој е склон кон наслови во таблоидите, правејќи интриги од нешто што е трауматично искуство. Заштитувајќи го и моето и достоинството на осуденото лице, од март не одговарав на новинарските прашања и оттогаш до сега случајот е во рацете на институциите. Сега, кога сѐ е готово и осудениот доби некаква казна, горда сум на себе и благодарна на сите луѓе и на оние што ги познавам и на оние што не ги познавам кои застанаа покрај мене. Посебно на Ана од Центарот за женски права и Јована од нивната правна поддршка. Велам некаква казна, затоа што Црна Гора сè уште нема сексуално вознемирување во Кривичниот законик. Горда сум, затоа што ова не беше само за одбрана на мојата чест и интегритет, туку и за секој од нас, вклучително и секој човек што поминал низ нешто слично и полошо, а таа или тој молчеле. Нашата тишина им дава одобрение на луѓето склони кон манично и насилничко однесување. Одобрувањето дава храброст. Храброста дава незапирливост. Ова не е мала или голема победа само за мене. Но за секој од нас кој утре ќе се осмели да пријави какво било насилство. И оној што го обесхрабрува да го стори истото. Кога витештвото, храброста и хероизмот ќе се замолчат и здравата мажественост ќе се удави во мизогинија и дупки во системот, ние сме тие кои не смееме да дозволиме да бидеме изманипулирани и замолчувани. Не смееме да страдаме. За доброто на сите оние кои беа изладени од машка рака која, да имаше правда, можеше да се спречи. За доброто на сите оние кои ги инспирираме со нашиот пример“, рече Лејла.
За потсетување, таа јавно го повика УНИЦЕФ да реагира, од каде излегоа со соопштение во кое наведуваат дека осудуваат секаква форма на малтретирање, а популарниот музичар ќе биде суспендиран. Рамбо иако на крајот јавно се извини, Кашиќ сепак го тужеше.
The post Рамбо Амадеус е осуден за сексуално вознемирување на новинарката Лејла Кашиќ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде