Хари Кејн во летниот преоден рок се пресели во Баерн од Тотенхем. Тој пристигна во лондонскиот клуб како 11. годишник, ако не се бројат позајмиците на кои клубот го праќаше како млад играч, таму ја помина целата своја кариера. Во Тотенхем беше 20 години, а само еден месец во Минхен му беше доволен да ја забележи разликата меѓу тие два клуба.
Нема играч кој одиграл повеќе натпревари (435) и постигнал повеќе голови (280) за Тотенхем од Хари Кејн. Неговиот трансфер е рекорден на клубот (100 милиони евра фиксни, можни 10 милиони преку бонуси).
Со толку долг стаж во Тотенхем, јасно е дека Кејн може да направи споредба меѓу двата клуба.
„Во Баерн притисокот е многу поголем. Се разбира, во Тотенхем сите сакавме да победиме, но доколку не победевме на неколку натпревари, никој не мислеше дека е катастрофа. Во Баерн треба да се победи на секој натпревар. Во првите два натпревари победивме со 4:0 и 3:1, но луѓето се уште зборуваат дали игравме добро. Тоа е дел од овој клуб, затоа е еден од најголемите во светот“, истакна Кејн.
Хари Кејн моментално се наоѓа во Вроцлав, Полска, каде Англија денеска од 18:00 часот ќе и гостува на Украина во квалификациите за Европското првенство.
The post Кејн знае која е разликата меѓу Тотенхем и Баерн appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде