октомври 30, 2024

И покрај негативните критики, „Ејч-би-о макс“ ја потврди третата сезона од серијата „И едноставно така…“   За продолжението на „Сексот и градот“ на интернет има многу коментари. Има гледачи кои со нетрпение ги очекуваат новите епизоди, но и многумина со совети за сценаристите и за подобрување на серијата.

Така, Че – небинарниот лик е најомразената личност. Се добива впечаток дека сите претпочитаат исфрлање на оваа личност со неодреден род од приказната, на сметка на враќањето на Саманта – ѕвездата на „Сексот и градот“. 

„Може ли да се ослободиме од Че?“, „Се надевам дека Саманта ќе се врати целосно“, „Ве молам, Че – не“, „Че го уништува шоуто“, „Повеќе Лиза, помалку Че“, „Во третата сезона, Ејдан и Кери нека бидат заедно“, „Обидете се да ги натерате Миранда и Стив да го поправат својот брак“ – гласат дел од коментарите.

Продуцентот Мајкл Патрик Кинг го потврди снимањето на новата сезона од серијата.

The post Откачете ја Че, ја уништи серијата: небинарниот лик им преседна на фановите на „Сексот и градот“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK