Откако снимаше со мајка си Ума Турман, Маја Хоук сега повторно ќе соработува со нејзиниот татко Итан Хок, Двајцата ќе го снимаат новиот филм „Дива мачка“. Во филмот Маја ја глуми американската писателка Фланери О’Конор, додека Итан е режисер и сценарист на проектот.
Двајцата неодамна за Variety ги раскажаа деталите од нивната деловна соработка и открија дека во филмот Маја ќе сними две секс сцени кои Итан ќе мора да ги режира.
„Мене не ми беше грижа, иако мислам дека на другите им беше чудно“, рече Хоук.
За снимањето да биде поудобно за сите вклучени имаа координатор кој конкретно го надгледуваше снимањето.
„Се погриживме да имаме координатор за интимност за нив на снимањето, па се чувствуваа безбедно и удобно, а не како некој морничав татко да ги шпионира“, рече Итан.
Поради честата соработка на семејството Хоук и Турман, Маја се најде на мета на критики нешто за што Хоук често и се шегува. Но, на неговата ќерка која е на почетокот на кариерата не ѝ е сеедно.
„Понекогаш поради сите овие коментари сум несигурна во себе и за моите способности, но татко ми е мојот голем учител и на крајот на сè, сакаме да работиме заедно“, рече Маја.
„Ако некој сака да не критикува дека работиме заедно, тоа е фер“, рече Итан.
„Мора да ги оставите луѓето да имаат свое мислење. Треба само да се трудиш да завршиш добра работа кога си на сцена“, објасни Итан.
Двајцата рекоа дека сакаат да работат заедно бидејќи делат еднаква љубов кон филмот. Тоа е нивниот начин на изразување за кој велат дека е нивно безбедно засолниште. Ова не е нивниот прв заеднички проект, во 2020 година. Претходно соработуваа на минисеријата The Good Lord Bird.
Филмот „Дива мачка“ имаше премиера на 50. Филмски фестивал во Телурид, а покрај Хоук во актерската екипа се и Лора Лини, Филип Етингер, Рафаел Казал и Купер Хофман.
The post Маја Хоук повторно ќе снима со татко си, глумецот е обвинет за непотизам appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде