октомври 30, 2024

Летонецот Артурс Жагарс блесна на Светското првенство во Манила. Со Летонија го освои петтото место и влезе во историјата кога против Литванија подели 17 асистенции.

Неколку клубови покажаа интерес за Жагарс. Најупорни беа Жалгирис и Партизан, но како што објави „Баскетњуз“ тој ќе ја продолжи кариерата во Фенербахче.

Турскиот евролигаш ќе го испрати Жагарс на позајмица во Литванија, во екипата на Вулс, но ќе го задржи правото да го врати во своите редови кога и да сака во текот на сезоната.

На Светското првенство Жагарс во просек бележеше по 12,7 поени и 7,4 асистенции.

The post Блесна на Мундобаскетот си обезбеди трансфер во Фенербахче appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK