Смоквите се овошје со уникатен и сладок вкус, посебна текстура, а поради лесно расипливоста најчесто се сушат за да може да уживаме во нивниот вкус во текот на целата година.Тие се одличен извор на влакна и помагаат при проблеми со варењето.
Овие плодови се богати со природни шеќери,минерали вклучувајќи калиум, калциум, магнезиум, железо и бакар и се добар извор на антиоксидантни витамини А, Е и К кои придонесуваат за здравје и благосостојба.
100 грама свежи смокви содржат:
80 калории
1,3 грама протеини
0,3 грама масти
20,3 грама јаглени хидрати
2,2 грама влакна Смоквите се препорачуваат за одржување на здравјето на цревата, ги потхрануваат, тонизираат, а делуваат и како природен лаксатив поради големата количина на влакна. Многумина од нас консумираат премногу натриум (сол) преку преработената храна, а високиот внес на натриум може да доведе до недостаток на калиум и оваа нерамнотежа помеѓу двата минерали може да доведе до висок крвен притисок. Тие се одличен извор на калциум, составен минерал во градењето на коските, а голема количина на калиум може да го спречи излачувањето на калциум преку мокрење. Резултатите од една студија во која учествувале 51.823 жени во постменопауза над 8,3 години покажале намалување на ризикот од рак на дојка за 34% кај оние жени кои консумирале најмногу овошни влакна во споредба со оние кои консумирале најмалку.