октомври 30, 2024

Септември и октомври се периодите во годината кога најголем дел од семејствата си прават зимница.

Некои се во тек на подготовка, други чекаат малку да се намалат цените, па не подготвуваат зимница пред октомври.
Многу овошја и зеленчуци сега се во фаза кога се најдобри за јадење, но и за конзервирање, а начинот на кој ќе ги подготвите има најголем удел во тоа каков вкус ќе имаат и колку ќе траат.

Ако се придржувате до овој едноставен водич со 11 совети, ќе направите совршена зимница што со гордост ќе ја поставите на вашата трпеза.
-За подготовка на зимница секогаш треба да користите само зрело, цврсто, здраво и неоштетено овошје и зеленчук. Плодовите со помали оштетувања може да се користат само ако тие делови претходно ги отстраните.
-Со оглед на тоа дека бојата на исчистеното овошје и зеленчук се менува брзо кога ќе биде изложено на воздух, а се губат и витамините, чистењето и сечењето правете ги непосредно пред да ги подготвувате и конзервирате.
-Ако имате овошје или зеленчук во вашиот двор или градина, наберете ги непосредно пред да ги преработувате, бидејќи со стоење губат на квалитет и побрзо се расипуваат.
-Намирниците и садовите што ќе ги користите за време на подготвувањето зимница мора да бидат беспрекорно чисти, а рацете треба да ги миете пред почнувањето на секоја следна фаза.
-Најдобро е садовите, теглите и шишињата за зимница да ги исперете добро со топла вода, а потоа да ги оставите природно да се исушат.
-Садовите за термичка преработка мора да бидат емајлирани или од нерѓосувачки челик.
-Металните капаци и капачиња за тегли и шишиња треба да ги стерилизирате пред употреба.
-За туршија најдобро е да користите вински оцет и есенција.
-Ако веќе користите конзерванс (натриум бензоат) сметајте дека кесичка од 5 грама е доволна за 5 килограми овошје или зеленчук. Не се препорачува поголема доза на конзерванс од ова.

-Зимницата треба да ја чувате во сува, проветрена и ладна просторија каде зимно време водата не замрзнува и нема директна сончева светлина. Оваа остава треба да ја проветрувате еднаш неделно во текот на зимата, најдобро околу пладне.
-На сите тегли и шишиња треба да ставите етикети со состав и датум на конзервирање.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK