Се случил инцидент во домот на архимандритот. Никодим Царкњас, во селото С’ботско, Воденско. Архимандритот Царкњас е македонски свештеник и борец за правата на на Македонците во Грција.
Нападот се случил кога грчки националисти фрлиле камења врз прозорците на неговиот дом, кршеле јајца на неговиот автомобил и испишале ЕЛЛАС (Грција) на бетонскиот под пред неговата куќа.
Грчки националисти ги искршиле прозорците од домот на македонскиот свештеник, архимандрит Никодим Царкњас
Ова не е прв инцидент во кој грчки националисти вршат терор и притисок врз 81-годишен старец, кој целиот свој живот го посвети на борбата на Македонците во Грција за зачувување на својот идентитет.
Ниту еден претходен напад врз Царкњас не е расчистен од грчките органи на редот.
Следете не, не има насекаде