Инстаграм потврди дека почнале со интерно тестирање, а не се знае кога овие тестови ќе бидат проширени на самите корисници.
Пазарот на социјалните мрежи е многу динамичен. Иако со години доминираат повеќе или помалку исти компании, одвреме-навреме се појавуваат нови конкуренти, но и постоечките мрежи постојано презентираат нови опции со кои го подобруваат корисничкото искуство и со кои сакаат да бидат чекор понапред од конкуренција.
Ако некои функции се покажат популарни кај корисниците, тогаш другите мрежи брзо ги копираат. Само да се потсетиме на приказните кои започнаа со Snapchat, а беа прифатени од бројни платформи, поради TikTok, социјалните мрежи повторно ставија поголем акцент на видеото, а видовме и обиди за копирање на BeReal.
Instagram сега тестира уште една промена која би можела да ги воодушеви корисниците на оваа социјална мрежа, а тие ја воведуваат поради TikTok. Поради кинеската социјална мрежа, Instagram го претстави и Reels, каде што корисниците сега можат да објавуваат триминутни видеа. Во иднина, тоа времетраење на видеото би можело да биде значително подолго – дури и десет минути.
Точно толку долго може да трае еден видео клип на TikTok, а сигурно е дека оваа можност ќе ги воодушеви сите корисници на Инстаграм кои често објавуваат видеа преку Reels. Со можност за подолго времетраење на видеото, Instagram полека влегува на територијата на која доминира YouTube.
Треба да се нагласи дека Инстаграм, како што коментираат за Engadget, ја тестира оваа опција интерно, во самата компанија и се уште не е достапна за тестирање од сите корисници. Имајќи предвид дека TikTok е многу популарен и е главен конкурент на Instagram, не е тешко да се претпостави дека Instagram наскоро би можел да го прошири ова внатрешно тестирање на самите корисници.
За разлика од TikTok и Instagram, кои се повеќе се фокусираат на подолги видеа, YouTube неодамна се свртува кон пократки видео клипови. Неодамна за својот формат Shorts додадоа алатки за создавачи и сличен feed како што има TikTok, за да им олеснат на корисниците да најдат снимки и музика за кои можеби ќе бидат заинтересирани.
The post Што се подготвува Instagram за подобро да му конкурира на TikTok appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде