Кривична пријава е поднесена против тројца полициски службеници во СВР Штип, Г.Ф., И. Х. и Б.Н., осомничени за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавените неосновано и прекумерно употребиле физичка сила врз лице кое било лишено од слобода.
-Во својство на полициски службеници, на 1 септември 2023 во 21 часот, ги пречекориле границите на своите службени овластувања над оштетениот Б.Н., кој бил лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Штип, наведува МВР.
Кривичната пријава е поднесена од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе преземе мерки согласно одредбите од Колективниот договор на МВР, информира Министерството за внатрешни работи.
Следете не, не има насекаде