Познатиот јутјубер и водител на емисијата „Ти реков ми рече“, Давид Давидовски и пејачката Марија Луиса повеќе не се пријатели. Ова ни го откри негов близок пријател еден од менаџерите на Давид, кој рече дека иако и двајцата досега објавуваа заеднички фотографии по социјалните мрежи веќе не сакаат да се видат.
Марија му гостуваше во емисијата, но сега Давид е разочаран од нејзиното однесување, ни рече изворот и додаде дека двајцата почнале и да се навредуваат со погрдни зборови.
„Многу ја почитуваше ѝ ја сакаше како другарка. Неколку пати му има гостувано во емисијата, а Давид секогаш се однесуваше со неа како да е мега ѕвезда, иако не е.
За приватните добри дела кои Давид ги направил за неа, не сакам да зборувам. Можам да кажам дека Марија е дете во мозокот, а веројатно има и некои комплекси, па најлесно е да се истури на Давид кој е сè уште дете. Давид го мразат и му завидуваат многу негови колеги затоа што е најпопуларен и најдобар водител во земјава, па и тие злобни изфрустрирани луѓе вмешаа прсти за да ги скараат, а како што кажав Марија е наивно дете во мозокот, па верува во глупости на луѓе кои ги познава само половина ден. Давид не мисли ништо лоша за Марија и после сè што таа му направи, па дури е подготвен да ѝ помогне за било што во животот и да ѝ направи промоции и реклами по неговите медиуми“, ни открија блсики на Давиодвски.
За потсетување, емисијата на Давид, ќе стартува на 4 ти октомври. Станува збор за естраден квиз во кој ќе учествуваат голем број познати македонски ѕвезди.
The post Се скараа Давид Давидовски со Марија Луиса, се разочарал од нејзиното однесување appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде