октомври 30, 2024

На планината кај Горња Баница, вицепремиерот Артан Груби заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер го означија стартот на работата на „Бехтел и Енка“ во Македонија.

Агелер на почетокот на градежните работи на Коридор 8: Ова ќе ги зближи луѓето од регионот

Со минирањето во областа Горни Полог, почнува изградбата на најкомплицираната делница на Коридорот 8, Гостивар-Букојчани, која треба да се пробие низ планините за да се избегне Гостивар, но и искачувањето до Стража.

Амбасадорката на САД во Македонија, н.е Анџела Прајс Агелер, на Твитер напиша дека новиот модерен пат ќе ги зближува луѓето од регионот.

Со задоволство се приклучиме на официјалниот почеток на изградбата на автопатот Коридор 8.
Овој нов, модерен пат ќе направи полесно и побрзо од кога било досега да се зближат луѓето од овој регион! – напиша Агелер на Твитер.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK