Со детонација на неколку димни бомби во боја, на брдото над гостиварското село Горна Бањица и официјално започна изградбата на Коридорот 8. На свеченоста за почеток на градбата, која досега се одржува четири пати, присуствуваа првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми и претставници од „Бехтел и Енка“, а ним им се придружи и амбасадорката на САД во Македонија Ангела Агелер.
„Присуствуваме на првата реална активност на терен со која започнува изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10д. Тука каде што стоиме ќе поминува новиот автопат од Гостивар до Кичево, а материјалот од минирањето на оваа планина ќе биде искористен за изградбата на автопатот Тетово-Гостивар како и на помошниот магистрален пат“, рече Артан Груби.
Голем интерес кај новинарите владееше да дознаат кои се фирмите кои се подизведувачи на градежните работи, по кои критериуми биле одбрани и дали меѓу нив е и фирма „Еуровиа“ која е донатор на ДУИ, а доби неколку државни тендери.
„Целосна надлежност за подизведувачите е на конзорциумот ‘Бехтел и Енка’. Ниту Владата ниту ЈП за државни патишта имаат било каква надлежност во проектирањето и изградбата на работите“, рече Груби.
Но, и претставникот на „Бехтел и Енка“, прашан за истото, не кажа кои фирми се замени како подизведувачи од нивна страна. Единствено рече дека до сега договор е склучен со 36 фирми, а со една во тек се преговори.
Делницата од Гостивар-Букојчани, е една од најтешките на овој коридор и со неа треба да се пробие низ планините за да се избегне Гостивар, но и искачувањето до Стража.
The post По четврти пат означен почетокот на изградбата на коридорот 8. appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде