мај 11, 2026

Очекуваме грчката страна да го исполни делот од договорот кој се однесува на сообраќајните патокази затоа што е време пет години по потпишувањето Преспанскиот договор да се сменат патоказите во Грција кои упатуваат кон држава која не постои со кратенка ФИРОМ, изјави поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за “One Chanel”.

Од друга страна, додава Заев, македонските граѓани годинава и до почетокот на идната година ќе го завршат процесот на промена на личните документи со новото име на земјата.

-Сакам да нагласам дека најважната работа од Преспанскиот договор е комплетно да се нормализираат билатералните политички релации кои веќе влегоа во нормален колосек со активна и редовна взаемна комуникација, со меѓусебни државни средби кои резултираа со прва официјална посета на Грција на претседател од Македонија, како и со прва офијална посета на грчки премиер во земјава- додава Заев во интервјуто.

The post Заев за грчка телевизија: По пет години, време е да се сменат патоказите во Грција кои упатуваат кон држава која не постои appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK