мај 11, 2026

На социјалните мрежи се појави снимка од телохранителите на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун како користат бели ракавици за да го бришат столот на кој седеше за време на вчерашната средба со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа преку него поминуваат уред.

КИМ СЕ ПЛАШЕЛ ПУТИН ДА НЕ ГО ОТРУЕ? Телохранителите го бришат и мрдаат столчето со апарат, Британците гледаат страв од радијација (ВИДЕО)

Помеѓу другите, клипот го објави Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина.

– Наводно, тоа се подготовки насочени кон тоа столчето на кое треба да седне Ким Џонг Ун да биде во најдобра можна состојба – напиша Герашченко во оваа објава.

Reportedly, these are preparations to make sure that the chair Kim Jong Un would sit on is in the best possible condition. pic.twitter.com/xDsr9P7lG7

— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2023

Во коментар на својата објава, еден од корисниците на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) напиша дека од Русија објасниле дека тоа е направено по средбата со Ким Путин со цел да се отстранат отпечатоците од прстите и наодите од ДНК на севернокорејскиот лидер од столот, но дека никогаш не слушнал за скенирање на столицата по СРЕДБА.

Видеото го привлече вниманието и на британскиот Дејли Мирор, чија веб-страница објави дека столчето било избришано пред средбата меѓу Путин и Ким во просториите на космодромот „Восточни“ на истокот на Русија.

Се вели дека една од причините за тоа може да биде стравот на Ким од радијација во таа соба.

Весникот наведува дека постои верување во меѓународната заедница дека тоа е затоа што Ким знае дека одредите за атентат на Путин се познати по тоа што ги користат смртоносните агенти Новичок и Полониум 210 за да ги трујат непријателите или отфрлените пријатели.

Се вели дека луѓето на Ким ја провериле и издржливоста на столчето за да може на него да седне лидерот кој наводно тежи повеќе од 130 килограми.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK