мај 11, 2026

Точката од дневен ред на денешната седница која предвидува поставување на споменикот на Андон Лазев Јанев Ќосето на локација во Автокоманда, не беше симната од дневниот ред.

Партијата на Мицковски против враќањето на споменикот на Ќосето?

Советниците на СДСМ гласаа за симнување на точката од дневен ред, но немаа доволен број на советници. Зачудува тоа што советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано, односно не беа против симнување на точката од дневен ред.

БОНУС ВИДЕО, КАКО БЕШЕ РУШЕН СПОМЕНИКОТ НА ЌОСЕТО

Останува да видиме дали на денешната седница, советот конечно ќе ја исправи претходната неправда со отстранувањето на споменикот на Ќосето, значајна историска личност која дефинитивно заслужува да има свое одбележје во главниот град на државата за која цел живот се борел.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK