мај 11, 2026

Левиот бек на Бока Јуниорс, Валентин Барко, е пред трансфер во Манчестер Сити, информира „TyC Sports“.

„Граѓаните“ веќе постигнаа договор со 19-годишниот играч, а во наредните денови претставници на англискиот клуб ќе отпатуваат во Аргентина на разговори со раководството на Бока.

Барко има 21 натпревар за аргентинскиот гигант, на кои постигна еден гол и две асистенции.

Младиот фудбалер е дел од репрезентацијата на Аргентина до 20 години.

The post Манчестер Сити купува лев бек од Бока Јуниорс appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK