мај 11, 2026

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска (15.09.2023) ги лишија од слобода С.М. , Ф.М. и М.М., во врска со пријавата од градоначалникот на општина Гази Баба, кој на 11.09.2023 во СВР Скопје пријави дека три лица упатувале закани по неговиот живот поради претходно извршено уривање на дивоградба во с. Инџиково.

Веднаш по добиената пријава, преземени се неопходните мерки и активности и денеска сторителите се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје по брза постапка за кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 ст.4 од КЗ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK