Србија ја соовлада со 2:0 Шпанија и обезбеди пласман на завршниот турнир на Дејвис купот, по победите на Ласло Ѓере и неодамна крунисаниот шампион од САД опен, Новак Ѓоковиќ.
Ѓере го доби првиот меч со 6:4/6:4 против Алберт Рамос-Вињолас, по што Ѓоковиќ немаше проблеми со Алехандро Давидович Фокина, триумфирајќи со 6:3/6:4. Овој резултат значи дека од групата Ц на завршниот турнир се пласираат Србија и Чешка.
Најголем проблем на тенисерите беше жештината на салата во Валенсија, каде што беше над 30 степени, а во вториот сет, организаторите имаа и проблем со електричното напојување.
Четврт-финалните дуели од Дејвис купот се играат во ноември во Малага, Шпанија.
The post Ѓоковиќ ја однесе Србија на завршницата на Дејвис купот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
