мај 11, 2026

Шпанската полиција уапси маж осомничен за сексуален напад врз новинарка која известувала во живо на телевизија. Иса Баладо известувала за грабеж во Мадрид во вторникот кога и’ пришол маж и ја фатил за задникот, што подоцна тоа го негирал.

Баладо се обиде да продолжи понатаму, но водителот ја прекина.

„Иса, прости ми што те прекинав… Но дали само те фати за задникот“, праша Начо Абад.

Репортерот го потврдил тоа, а Абад и’ рекол да го сними „идиотот“, по што камерата се поместила за да ги прикаже репортерката и мажот кој стои до неа.

Сопственикот на информативниот канал х поддржа новинарката

„Колку и да сакаш да направиш нешто, прашај од кој канал сме, дали навистина треба да ми го допираш задникот? Водам емисија во живо и работам“, му рекла Баладо, пренесува Би-би-си.

Journalist Isa Balado was reporting live from Madrid on a robbery when a man approached her from the rear and put his hand on her behind – angering the news programme’s host back in the TV studio who insisted she put the “idiot” on camera.

Read more here: https://t.co/71i5kG7Z7y pic.twitter.com/uBpPJtzqXh

— Sky News (@SkyNews) September 13, 2023

Мажот потоа негирал дека ја допирал, а додека се оддалечувал се обидел да ја погали по главата.

Подоцна полицијата објави дека еден маж бил уапсен поради напад на новинарка додека таа водела телевизиска емисија во живо.

,,Медиасет Еспана”, сопственик на информативниот канал, издаде изјава во која ја изразува својата поддршка за Баладо по „апсолутно неподносливата ситуација“ што ја доживеа и „категорично отфрла каква било форма на вознемирување или агресија“.

3а инцидентот се огласи и шпанската министерка за труд Јоланда Дијаз, која рече дека не треба да остане неказнето.

„Банална е причината зошто новинарите трпат такви сексуални напади, а агресорите пред камерите се непожелни“, напиша таа на Твитер.

Овој инцидент се случи во време на голема дебата во шпанското општество, која беше поттикната од поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, кој бакна фудбалерк во уста за време на прославата на титулата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK