мај 11, 2026

Како што дознава Алмакос од потврдени извори во Министерството за надворешни работи на Македонија, тројца руски дипломати неодамна се прогласени за нон грата, односно ќе бидат протерани од нашата земја поради кршење на дипломатскиот код поради нивна сомнителна активност.

ПРОТЕРАВМЕ тројца руски дипломати и еден руски свештеник

Имињата на протераните Руси, се политичките советници И.Хропјачков, А.Рождевсдвенски, како и аташето С.Попов, кој според изворите на Алмакос извршиле несоодветни дипломатски дејствија.

Од информациите добиени од надлежните органи, овие лица вршеле дејствија што се спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи и во следните пет дена ќе треба да ја напуштат територијата на Република Македонија.

Алмакос дознава и дека други специјализирани безбедносни органи го протерале свештеникот на Руската црква В.Змеј.

Дипломатската војна што Русија се обидува да ја прошири на Македонија се засили особено по членството на Македонија во НАТО.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK