мај 11, 2026

Британскиот тенисер Енди Мареј вчера оствари важна победа за својата репрезентација во натпреварот од Дејвис купот против Швајцарија. Тој со 6:7, 6:4, 6:4 беше подобар од Лоренцо Риеди и и донесе победа на својата репрезентација со вкупни 2:1.

По мечот Енди Мареј откри дека тоа беше многу тежок настап за него. Британецот призна дека поради овој меч го пропуштил погребот на баба му, кој се одржал во исто време.

„Денес е тежок ден за мене. Денеска е погребот на баба ми, жал ми е што не сум со семејството. Но, бабо, ова е за тебе“, изјави Мареј по мечот.

The post Енди Мареј го пропушти погребот на баба му за да игра меч од Дејвис купот: „Бабо, ова е за тебе“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK