мај 11, 2026

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров е виден во јавноста по гласините дека е болен и дека е во кома.

На краткото видео се гледа како Кадиров шета и разговара со своите синови и со другите членови на семејството.

Кадиров не е во кома! Лидерот на Чеченија се огласи со кратка порака од неговата прошетка

Видеото на својот Инстаграм профил го објави помошникот на чеченскиот лидер Умар Даудов.

Прошетката беше одличен крај на вечерата со семејството. Искористете ги среќните моменти, пријатели, најдете време и посветете повеќе внимание на семејството. Одморете се од толпата и задоволете си себе си и нив – ги цитира Даудов зборовите на Кадиров.

Засега не се знае кога е направена снимката.

Украинските и странските медиуми, да потсетиме, во петокот објавија дека Кадиров е тешко болен и наводно е во кома. Портпаролот на Министерството за одбрана Андриј Јусов изјави дека здравствената состојба на шефот на чеченската држава значително се влошила во последните денови и дека тоа е последица на тешка болест.

Информацијата е потврдена од различни извори во медицинските и политичките кругови. Не се работи за повреди. Долго време е болен, а зборуваме за системски здравствени проблеми – рече Јусов.

Кадиров и неговите соработници досега постојано ги негираа ваквите наводи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK