– Комисија на Собранието на Гамбија денеска соопшти дека индискиот производител на лекови „Мејден Фарма“ е одговорен за смртта на најмалку 70 деца од акутна болест на бубрезите и ја повика Владата на Гамбија да покрене правна постапка во врска со тоа.
Претседателот на парламентарната комисија Амаду Камара пред пратениците рече дека сите случаи на акутна болест на бубрезите кај децата во Гамбија се поврзани со употребата на контаминирани сирупи против кашлица кои содржеле неприфатливо високо ниво на етилен гликол и диетилен гликол.
Извршниот директор на Мејден, Нареш Кумар Гојал, не одговори веднаш на барањата за коментар од западните медиуми.
Индија минатата недела ја извести Светската здравствена организација (СЗО) дека врз основа на примероците земени од индиската компанија „Мејден фарма“, чии производи се поврзуваат со смртта на деца во Гамбија, е утврдено дека производите се во рамките на спецификацијата.
Примероците не биле загадени со етилен гликол и диетилен гликол, изјави индискиот генерален контролор за лекови во писмото до СЗО, кое им било поделено и на новинарите во индиското Министерство за здравство.
Светската здравствена организација во октомври издаде глобално предупредување дека четири типа сируп против кашлица, произведен од Мејден, се поврзани со смртта на најмалку 70 деца во Гамбија од акутна болест на бубрезите.
Следете не, не има насекаде